• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Царовска ги повика сите родители, ученици, директори на училишта и сите градоначалници да се однесуваат одговорно кон јавното здравје

Царовска ги повика сите родители, ученици, директори на училишта и сите градоначалници да се однесуваат одговорно кон јавното здравје

Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека најавите за бојкот на наставата се неодговорни и дека сите носиме одговорност за заштита на јавното здравје.

 |   | 

Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека најавите за бојкот на наставата се неодговорни и дека сите носиме одговорност за заштита на јавното здравје.

Ова не е ситуација во која се наоѓаме затоа што сакаме, туку затоа што мораме и затоа треба да се носиме со ситуациите со достоинство, кажа денеска министерката, одговарајќи на новинарско прашање за најавите за бојкот и непочитување на одлуките на Комисијата и владата за он лајн настава од одредени училишта.

Ако Комисијата вели дека нашето јавно здравје е заштитено само на овој начин, а одлуките се базираат на факти, јас ги почитувам и барам од сите родители, сите ученици, сите директори, сите градоначалници, да ја следиме нивната препорака, зашто само така можеме да го намалуваме бројот на заразени во нашата држава. Сѐ што ќе значи непочитување на нивните одлуки го носи во ризик нашето здравје, здравјето на нашите најмили и тоа не е само флоскула, тоа се животи, тоа се нечии мајки, тоа се нечии татковци, тоа се нечии баби, тоа се нечии дедовци. Да не ги ризикуваме животите на нашите најблиски, сакајќи на неконструктивен начин да покажеме незадоволство – изјави Царовска.  

Ако некој директно и свесно го загрозува здравјето на другиот, тогаш имаме прекршување на закон и на Устав, потенцира министерката.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top