На чај во Охрид

Почесниот конзул на Р. Турција во Охрид Абдурахман Бајрактар, денес ја прими турската делегација, која неколку дена е во работна посета на нашата земја, по повод 100 годишнината од балканските војни.

 |  Николоска Биљана  | 
turski caj
турски чај

Чајот во Турција е симбол на пријателство. Деновиве во земјава престојува турска делегација, по повод 100 годишнината од Балканските војни. Делегацијата воедно е и дел од кампањата на ЧАЈКУР, која во неколку града во Македонија меѓу кои и Охрид има промоција на турски чај. turciА во Охрид ги пречека почесниот конзул на Р. Турција Абдураман Бајрактар. Тој рече дека оваа посета е од огромно значење за земјава и дека се потрудиле да бидат добри домаќини.

„Оваа посета е значајна за овој регион и дава можности за засилување на односите помеѓу двете земји“-истакна Бајрактар.

Турската делегација е предводена од претеникот од Истанбул и претседател на Турската група на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка Исмаил Сафи. Сафи рече дека во нашата земја се чуствува како дома. Тој ја престави целата делгација, како и поводот за посетата на нашата земја, а воедно го честита денешниот ден.
Гилај Далјан пратеник во собранието на Турција исто така на нашата земја го честита празникот на независноста и рече дека односите меѓу Македонија и Турција се  одлични и треба и понатака да се засилуваат. Далјан рече комплетно ја поддржуваат нашата земја  за влез во НАТО.

turski cajВо составот на делегацијата беше и директорот на турскиот гигант ЧАЈКУР, производител на чај, Имдат Сутуоглу. Тој во кратки црти за ТВМ го појасна значењето на чајот в нивната земја.

„Кај нас чајот е многу битен и ние чајот го нудиме на нашите пријатели, сакани и.т.н. Чајот кој што го произведуваме е со висок квалитет и нема други примеси, со еден збор тој е природен и има лековита моќ“-вели Сутуоглу

Турскиот чај послужен од камион на турската компанија ЧАЈКУР,кој беше сместен во близина на чинарот во Охрид, многумина го вкусија и ја пофалија компанијата производител.

Гостите од Турција во земјава ќе престојуваат до 9 ти септември. Вечерва ќе учествуваат и на прославата по повод Денот на независноста на Македонија, Ќе остварат посета на „Халк Банк“ во Скопје и турскиот културен центар Јунус Емре, општината Центар Жупа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top