Бунт на станарите против урбанизацијата на парковите

Неколку станари од трите кули наспроти старата автобуска станица, денеска упатија сериозни забелешки до градоначалникот Петрески и до општинскиот сектор за урбанизам.

 |  Билјана Николовска  | 
gradba
градба

gradbaБунт на станарите од централното градско подрачје. Имено, тие се револтирани поради новиот објект кој деновиве интензивно се гради помеѓу трите кули наспроти старата автобуска станица. Оваа градба била оспорувана со анкетни листови уште во 1998 година, велат станарите кои тогаш успеале да го спречат издигнувањето на зградата. Но, проблемот и понатаму останал. Инвеститорот Славе Келешоски кој од неодамна добил решение за градба од пред еден месец започнал со градба на новиот објект  кој според станарите го нагрдува просторот. Тие повторно покренале постапка за стопирање на градбата и се пожалале до надлежното Министерство за транспорт и врски. Но, добиле негативен одговор. Станарите не се поколебале па поднеле тужба и до Управниот суд Скопје од каде што во моментов чекаат одговор. Тие велат дека со оваа градба засегнати се 75 станови и околу 300 лица.
„Додека тужбите патуваат по судови  и се чека конечната одлука објектот ќе се изгради“, вели Јорданоски Маријан.
Зоран Зафироски, исто така станар на овој комплекс, посочи дека во овој случај постои проблем и од еколошка гледна точка.
Едно од најстрогите обвинувања кон надлежните во општина Охрид беше обвинувањето на станарката Николовска Петра. Таа загрижена за своите внуци посочи дека веќе не останал простор каде тие да играат.
Сите овие обвинувања и изјави на станарите, началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање Бранко Арнаудов ги отфрла како неосновани. Тој вели дека нивните реакции се задоцнети бидејќи за таа локација постои урбанистички план со кој е предвиден ваков објект. Тој додава дека моменталниот сопственик Славе Келешовски со оваа градба ги запазил сите прописи за градење согласно законот. Арнаудов во телефонскиот разговор ни потенцира дека за ова место нема приказна бидејќи според него се е согласно урбанистичкиот план и согласно законот. Станарите за брзо време најавуваат штрајк пред општината, и јавно го прашуваат градоначалникот дали и во овој случај вината ќе ја посочи на централната власт.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top