Бунт на концесионерите

Концесионерите од Охридските плажи револтирани од последниот потег на министeрството за транпорт и врски.

 |  Татјана Маленкова  | 
plaza
плажа

Концесионерите од Охридските плажи револтирани од последниот потег на министeрството за транпорт и врски.

Во писмо кое им беше врачено во пет минути до 12, ресорното министерство им ја покачи цената за закуп на плажите за 400 насто.    

Новата цена за закуп на охридските плажи е 160 денари. Оваа промена, ги вознемири и разлути, концесионерите.

„Го повикуваме министерството за транспорт и врски и нивните служби да дојдат во Охрид на зеднички состанок,да седниме со расположливи средства и да ја дефинираме цената. Можеби не сме за онаа која досега ја плаќавме но во никој случај не сме за ваква драстична промена“, вели концесионерот Илче Џепар.

„Во никој случај не ги даваме плажите ќе ги работиме, и во услови министертството да не изложи и на дополнителни трошоци“, вели Џепар.

Со овие констатации се сложуваат и другите концесионери.

„Не ми е јасно зошто сега се подига цената кога сеуште ние инвестираме во плажите“, вели Виолета Јаневска.

plazaМинистерството за транспорт врски на реакциите на дел од концесионерите на плажите кои негодуваат на зголемувањето на цената на закупот, одговори со соопштение во кое се наведуваат критериумите врз ознова на кои се утрврдува висината на надоместокот:
„Ве информираме дека плажите на Охридско Езеро во општина Охрид се издадени на краткотраен закуп во времетраење од 2 години. Во самите договори за закуп стои дека цената за закуп се однесува на периодот од две години во кои се остварува закупот.
По истекувањето на важноста на овие договори, постои можност за склучување на нови договори со закупците кои ги исполнуваат условите, во согласност со важечкиот Табеларен преглед на цените за отуѓување, односно закуп на државно градежно земјиште. Доколку од било кои причини не биде склучен нов договор за предметните локации, истите ќе бидат дадени под закуп по пат на јавно наддавање.
Цените за закуп на државното земјиште се во зависност од локацијата на која се наоѓа изнесуваат 160 денари во централното подрачје, 110 денари вон централното подрачје и 50 денари во населени места за метар квадратен“, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Концесионерите на плажи очекуваат во најскоро време да се сретнат со претставници на Министерството за транспорт за да се разреши новонастанатиот проблем, кој според нив може да ја загрози туристичката сезона.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top