Бум во знаење на охридските ученици

Ана Корженска, ученичка во 2 година во СОУ „Св Климент Охридски“, е една од 54-те наградени  ученици за освоени места  на републички и меѓународни натпревари.

 |  Валентина Нелоска  | 
dodeluvanje nagradi
доделување награди

Ана Корженска, ученичка во 2 година во СОУ „Св Климент Охридски“, е една од 54-те наградени  ученици за освоени места  на републички и меѓународни натпревари.

Таа е меѓу прваците од различни области, и ја освои 1-та награда на репуличкиот натпревар по Македонски јазик.  Корженска вели многу се подготвувавме со професорката Марија Мујоска, наградата ја очекувавме и горди сме што во најубаво светло го претставивме градот и нашата гимназија.

доделување наградиПрофесорите и раководниот кадар се горди на успехот што го постигнаа нивните ученици под нивно менторство.  Меѓу основните, средни државни и приватни училишта кои освоија награди, мошне успешни се и учениците од основното музичко училишта Методиј Патчев. Нина Момироска, директор на ОУ Методиј Патчев вели оваа година беше мошне успешна освоивме 19 нагарди, од кои 5 меѓународни и секој агодина сакаме да бидеме што подобри од претходната.

Основците и средношколците кои покажаа максимални знаења од областа на јазиците, природните науки, бизнис и претприемништво и од музиката покажаа  дека достојно го негуваат и пренесуваат духот на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски,  истакна градоначалникот Александар Петрески. Досега локалната самоуправа вложуваше  во училишната инфраструкура, но од сега ќе инвестираме во наставата  порача тој.
Учениците кои покажаа најдобри резултати во знаење на републичките натпревари и меѓународните во Стразбург, Велинград, Истанбул, Белград, Лесковац и Сремска Митровица добија од градоначалникот подарок во знак на подршка на нивниот постигнат успех.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top