Главната сообраќајна артерија на Охрид булеварот „Туристичка“, со тротоари во лоша состојба, дупки и крпеници од бекатонки и асфалт. Охриѓани, од градската власт или од надлежните за оваа сообраќајница, бараат квалитетна санација на овој прометен пат, пред се, заради заради безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Дупки, крпен коловоз и нервозни возачи е секојдневната слика за булеварот „Туристичка“, во Охрид. И покрај тоа што оваа улица претставува една од најпрометните сообраќајници во општина Охрид, таа и понатаму останува горлив проблем како за возачите така и за пешаците поради лошата состоба во која се наоѓаат тротоарите долж булеварот. Од локалната самоуправа за телевизија ТВМ признаваат дека овој булевар не е комплетно саниран, но најавуваат дека наскоро ќе започнат со реконструктивен зафат.
„Во тек е тендер за асфалтирање на пристапни патишта и улици на територија на општина Охрид па планот на Локалната самоуправа е конкретно делот отспротива од Музичкото училиште и поголемите дупки и оштетувања кој што се настанати таму да бидат санирани во рамките на aкцијата што претстои, освен привремените бекатон плочки кои се ставени долж овој потег ќе бидат санирани и ударните дупки накај СРЦ Билјанини Извори“– вели Танески.
Од Секторот за комунални дејности улици и сообраќај најавуваат дека наредната година по целата должина на булеварот „Туристичка“ ќе се санираат тротоарите и ќе се уредува велосипедската патека, во согласност со изработката на проектите и приоритетните можности. Не наведуваат конкретен временски рок за завршување на овој зафат, но Танески потенцира дека за тоа јавноста ќе биде благовремено информирана.
„Средувањето на тротоарските површини и велосипедските површини од двете страни на „Туристичка“ е во рамките на проект за овој булевар, тој проект е во напредна фаза на изработка, во текот на 2016 година очекуваме да го изработиме проектот и да обезбедиме средства за нивна комплетна реконструкција. Булеварот „Туристичка“, е огледало на нашето сообраќајно лице и точно затоа и нашите насоки одат за подобрување на сите аспекти кои се однесуваат на бул. „Туристичка“– додава Танески.
Дел од булеварот „Туристичка“, претставува регионален пат а со тоа надлежноста ја има ЈП „Македонија пат“, но како што појасни Танески, општина Охрид по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески презела обврска за санација на поголемите дупки и оштетувања долж булеварот, со цел охриѓани да бидат позадоволни и сообраќајот да се одвива побезбедно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град