Булеварот „Железничка“, страв за пешаците

Поради големата брзина со која се вози на Булеварот „Железничка“ и поради лошата патна сигнализација граѓаните неможат да ја преминат улицата па бараат да се направат или надвозници или кружни текови. Тврдат дека локалната им ветила изградба на три кружни текови,  а од таму негираат дека оваа локална дала такво ветување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
zeleznicka
железничка

Булеварот „Железничка“ стана бетонски ѕид за граѓаните кои живеат од едната и од другата страна на оваа сообраќајница. Поради големата брзина со која се вози  и поради лошата патна сигнализација пешаците се плашат да ja преминат  улицата. Граѓаните реагираат дека „Железничка“ плаче или за надвозник или за кружен тек. Тие секојдневно стравуваат за својата безбедност а посебно за безбедноста на децата за време на школската година.железничка

На овој булевар досега се имаат случено повеќе сообраќајни незгоди а во дел од нив за жал имаше и жртви. Ние како Урбана заедница баравме од Локалната и од Јавното претпријатие за државни патишта да се направат кружнио текови со кои значително ќе се забави сообраќајот на булеварот. Од локалната ни кажаа дека се работи на проект за поставување кружни текови и дека ќе се реши овој проблем, вели Игор Јовески пртертседателот на УЗ „Железничка“.zeleznicka

Од Локалната пак велат дека проблемот со Булеварот Железничка е посложен од што изгледа. Тие негираат дека оваа Локална дала ветување за изградба на кружни текови на оваа сообраќајница.

Такви паушални ветувања можеби беа пракса на минатата локална власт. Ветуваа работи кои воопшто не можат да се остварат. Станува збор за приватен имот па формирањето на два три кружни текови ќе бара дополнителна експропријација на имот . Изјавите за изградба на кружни текови на „Железничка“ се паушални и давани во предизборие, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој и сообраќај.

За воља на вистината на „Железничка“ кружни текови не ветуваше само минатата Локална власт туку и некои од кандидатите за пратеници на последните парламентарни избори кои дури одржаа и пресс конференција токму на овој Булевар. И бидејќи Булеварот „Железничка“ е завршена приказна за ЈП за државни патишта останува да видиме што Локалната ќе направи. Од таму велат дека освен поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, хортикултурно уредување и одржување на јавното осветлување неможат да превземат поголеми зафати за подобрување на безбедноста.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top