Булеварот „Јане Сандански“ затворен за сообраќај

Причина, приклучување на новоизградениот станбен комплекс, кој се наоѓа во близина на булеварот, на градскиот  канализационен систем, како и санирање на проблемот со атмосферските води на овој потег, информираат од ЈП „Нискоградба“.

 |  Крсте Голабовски  | 
turisticka
turisticka

Дел од Булеварот „Јане Сандански“ денес затворен за сообраќај. Хусеин Ќато, раководителот на секторот за изградба, одржување и реконструкција на канализациони системи во Јавното Претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во телефонски разговор не информира дека причина за затворање на дел од оваа сообраќајница е еден малку поголем хидро-технички зафат. Имено, станува збор за приклучување на новоизградениот станбен комплекс лоциран во близина на булеварот, на градскиот канализационен систем, како и санирање на постоечкиот проблем со атмосферските води на овој потег, објаснува Ќато. Од „Нискоградба“ се надеваат дека ќе успеат работите да ги завршат до крајот на денот, а просторот каде зафатот се изведува, да го тампонираат. Додаваат дека во текот на утрешниот ден истиот ќе биде покриен и со бехатон плочки. Инаку, за сообраќај е затворен потегот, од булеварот  туристичка кај Макси Де маркетот, па се  до пресекот  со улица Галичица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top