• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бухова: Кластерите се од големи настани кои не можам да поверувам дека МВР не ги забележала

Бухова: Кластерите се од големи настани кои не можам да поверувам дека МВР не ги забележала

Новите случаи во Охрид сеуште не можат да се поврзат во кластери, се работи на следење на контакти. Во државава има 40 кластери , сите поврзани со настани на кои присуствувале голем број луѓе, како мекици, свадба, слава, ифтар и погреби.

 |   | 


Во државава има 40 кластери како резултат на непочитување на мерките посебно забраната за групирање.  Голем број од заразените од овие кластери не ги даваат контактите, кажуваат грешни податоци или пак одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација. кажа директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова. Директорката на новинарско прашање се осврна на зголемениот број случаи во Охрид.

„ Податоците кои ги добивме за позитивни случаи, за случаите  од вчера, сеуште за тие случаи се водат епидемиолошки анкети во однос на контактите затоа не можам да одговорам како се поврзани новите позитивни граѓани од Охрид.„ – кажа Бухова.

Сите овие кластери се настаните после 24 мај кога беа олабавени рестриктивните мерки и отворени угостителските објекти.

„Секој ден бројот на позитивни пациенти  е огледало на нашето однесување  ретроградно наназад 14 дена. Во цела земја имаме повеќе од 40 големи кластери, а само во Скопје се 20. Тоа се кластери мекици во Охрид , слава во Ресен, свадба во Скопје, ифтарски вечери и погреби“, Тоа се големи настани на кои присуствувале  50, 100 па дури и 200 лица и не можам да поверувам дека полицијата не ги забележала и не интервенирала„- вели Бухова.

Досега ДЗСИ издал  над 14.000 решенија за изолација. Од нив, 8.000 решенија се за изолација врз основа на контакти со позитивен, 3.200 се за домашно лекување и 3.500 за повратници од странство со направен ПЦР тест.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top