Охридските советници в понеделник ќе расправаат по предлог буџетот за 2009 година. Како што дознаваме тој тежи над 551 милион денари или околу 9 милиони евра.
Охридските советници в понеделник ќе расправаат по предлог буџетот за 2009 година. Како што дознаваме тој тежи над 551 милион денари или околу 9 милиони евра.
Комисијата за финасии и буџет од пристигнатите предлог нацрти од предлагачот единствено го отфрлил како нереален и не го прифатил предлог барањето на секторот за локален економски развој. Од побараните 52 милиони денари за развојни програми Комисијата им одобрила само 3 милиони денари. Останатите предлог нацрти биле во рамките на реалните проекци и се одобрени.
Најголемиот дел од средствата годинава е предвидено да бидат потрошени за инфраструктура и реконструкција на патишта. За оваа намена предвидено е да се издвојат 133 милиони денари. За уредување на градежно земјиште се планира да се издвојат средства во висина од 131 милион денари. Локалната самоуправа нема да штеди и на инфраструктурата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за таа намена се планирани 43 милиони денари, а за изградба на системи за водоснабдување само 16 милиони денари.
За развојни програми во сферата на туризмот пак се предлагаат 13 милиони денари. Во образованието се планирани да се потрошат 50 милиони денари во основните училишта, во средните 36 , а во детските градинки 22 милиони денари. За спорт и рекреација се предложени да се потрошат 7 милиони денари.
Како ќе биде проектиран предлог буџетот зависи од советниците. Тие се на потег да одлучат за што и колку ќе се трошат буџетските средства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град