Ќе се реши ли проблемот со бучавоста во градов

Се изготвува акциониот план за справување со проблемот со бучавоста во текот на летниот период.

 |  Јаковлева Лионела  | 
bucava
бучава

Инспекторите од општинскио инспекторат заедно со службите од СВР деновиве бучавостинтензивно работат на изготвување на акционен план за справување со бучавоста. Според планот ова лето ќе има многу позачестени контроли и акции бидејќи минатите лета бучавата беше проблем број еден во градов за кој не се најде соодветно решение. Надлежните ветуваат секојдневно мерење и на бучавоста која доаѓа од објектите на брегот на езерото кои во летната сезона приредуваат разно разни концерти на отворено. Граѓаните , посебно оние од стариот дел на градот години наназад реагираа, собираа потписи, но ништо не вроди со плод. Од општинскиот инспекторат тврдат дека ова лето нема никому да се прогледа низ прсти. За сите оние кои нема да ги почитуваат законските одредби ќе следуваат ригорозни казни во висина од 3000 до 7000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top