Останавме без здравје, се жалат граѓаните на бучавоста која доаѓа од угостителските објекти во градот и во Пешатани. Од година во година бучавоста станува се посериозен проблем кој негативно се одразува врз здравјето на мештаните. Туристите пак кои престојуваат во стариот дел од градот и во околните туристички места се почесто бегаат од неподносливата бучава. Оние кои се занимаваат со приватно сместување резигнирано велат ,„останавме и без здравје и без пари“. За да се надмине проблемот со бучавоста, од пред три години е донесен и Закон за заштита од бучавост во животната средина ама тој не се спроведува во пракса. Граѓаните велат дека нема кај кого да се пожалат нити кој да ги заштити, а кога се мери бучавоста тоа се прави селективно.
Угостителите, пак кои се посочуваат како главни виновници за неиздржливата бучава се свесни за проблемите, но се правдаат дека живеат од таа дејност.
Општината за да се надмине проблемот иницира изработка на Акционен план и програма за управување со бучавоста. Констатирано е дека 80 посто од бучавоста е резултат на угостителските објекти, а само 20 посто е на сообраќајот и индустрискиет капацитети. Денес изготвувачот на планот одржа јавна расправа на која беа присутни граѓани, станоиздавачи, угостители, преставници од локалната самоуправа и Министерството за животна средина. На јавната дебата не се појави ниту еден преставник од полицијата. Организаторот нагласи дека од СВР Охрид биле уредно поканети. Се слушнаа предлози и мислења на сите засегнати лица со проблемот на бучавоста. Присутните секој со својата мака ги посочуваа проблемите и бараа начини за бучавоста да се стави во дозволени граници 35 децибели. Паднаа предлози за поместување на работното време и на локацијата на угостителските објекти, како и поставување техничка изолација.
Со овој план треба да произлезат практични предлози и надлежности кои ќе ја спречат бучавоста.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град