Улицата „Карпош Војвода“, небезбедна. Ваква е констатацијата на група родители од оваа улица, кои реагираат дека се вози непрописно и брзо и лесно може да дојде до незгода и прегазување на пешаци а посебно стравуваат за децата.
Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон детското игралиште, контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила. Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат малолетни деца.
„Во овој кварт живеат околу 300 малолетни деца, игралиштево е од другава страна и ние не можеме сите нив да ги контролираме. Деца невнимателно претрчуваат и веќе имаме и случаи каде некои од нив се прегазени, што за среќа се без сериозни последици. Јас би сакал да порачам до надлежните да постават барем два лежечки полицајци или да има засилена полициска контрола, бидејќи загрижени сме за безбедноста на нашите деца“-вели Горан Проев, загрижен родител.
Додека снимавме со Проев, излегоа повеќе родители за да го поддржат. Очигледно сите се на иста мака, страв за безбедноста на своите деца од лудото и брзо возење низ оваа улица.
„Би требало да се стават лежечи полицајци заради безбедност на моите деца“. „Овде нема безбедност се вози пребрзо посебно товарните камиони тешко некој дека може да се сопре.
Квалитетен режим на сообраќај со поставување на занци е спас за ваквите места, пред само три дена кажа градоначалникот Александар Петрески. Неговиот став во врска конкретното место ул. „Карпош Војвода“, е дека треба да има поголема полициска присутност и враќање на маалските полицајци.
„Знаеме дека порано имавме т.н. реонски, малски полицајци и ако го гледаме тогашното искуството тоа е позитивно. Има иницијатива за повторно воведување на реонски полицајци“-вели Петрески.
Петрески сепак понуди нешто како одговор, на грбот на СВР, но конкретно не спомна дека Локалната е расположена да постави на тоа место хоризонтални препреки или популарно наречени лежечки полицајци, на што инсистираат граѓаните од ул. „Карпош Војвода“. Ќе оставиме простор да размисли за една таква солуција. Додека пак, веднаш после нашето укажување за иницијативата на граѓаните од ул. „Карпош Војвода“, и нивното стравување за брзбедноста на своите деца, од СВР Охрид пратија своја екипа. Портпаролот Стефан Димоски рече дека позитивно ќе одговорат на иницијативата на граѓаните, ќе ја интензивираат нивната присутност на посоченото место, а дека добро би било граѓаните од месната заедница по писмен пат со барање да се обратат до нив, поради поголема ефикасност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град