Корисниците на кредити за своите права ќе се едуцираат преку брошури

Дали граѓаните ги знаат своите права при земање на потрошувачки кредити?

 |  Маленкова Татјана  | 
krediti brisuri
кредити брошури

Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити? Кој е кредиторот, што е договор за потрошувачки кредит, на што најчесто треба да внимаваат граѓаните,  кој е рокот за откажување на кредитот и кои се надлежни институции кога конкретен потрошувач би се нашол со конкретен проблем и на кои може да се обрат? Одговорите на овие прашања граѓаните од сега ќе можат да ги пронајдат во брошурата издадена од Организацијата на потрошувачи на Македонија, а подржана од министерството за економија. Од ОПМ велат krediti brosuriдека брошурата е изработена според претставки на кои најмногу реагираат потрошувачите од Македонија, изработена согласно законот за потрошувачи.  

„Во делот на финансиските услуги во делот на банките годнава од полугоишната статистика имаме 157 преставки од страна на потрошувачи кои се имаат обратено за делот на банките.  Нашата цел е да ги информираме, едуцираме и по соодветна пријава да ја проследиме до надлежната институција да се проследи и реши понатака исходот за дел сме информирани, а за дел немаме исход како понатака се одвивале работите“, истакна правниот советник во ОПМ, Златко Јолески.

На прашањето дали граѓаните основано  се обраќаат во ОПМ или само оние кои не се доволно информирани, Јолески вели дека нивното искуство говори дека кај нив се обраќаат и потрошувачи за да се информираат за своите права и обврски пред да го потпишат договорот.  Правниот советник на Организацијата на потрошувачи на македнија признава дека кај се обратиле и потрошувачи кои веќе склучиле договори па бараат правна помош.

„Овие брошури се достапни за сите потрошувачи. Ги има и нашата официјална WEB страна, немора тоа да се банките , но не е лошо да ги има и таму“, вели Јолески.

Од ОПМ велат дека организацијата е во преговори со здруженито на банкарство каде има 17 баки, штедилници и лизинг компании . Целта е овие брошури покрај на веб страната на ОПМ да се најдат и на шалтерите на банките и другите даватели на финансиски услуги.
Промоцијата на брошурата „Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити?“ се одржа денеска во Охрид. Покрај оваа брошура денеска на трибина беа промовирани и брошури за организирани туристички патувања  и за нечесната пазарна пракса.
Со овие брошури, покрај потрошувачите повеќе од сигурно треба да бидат запознаени и бизнос операторите кои денеска  беа поканети, но за жал скоро никој се присуствуваше на трибината.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top