Брошурата „Инвестирајте во Охрид„ со низа технички грешки

Во брошурата  „Инвестирајте во Охрид„  можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови. Од ТЛЕР велат кој работи тој и греши

 |  Јаковлева Лионела  | 
brosura
брошура

За прв пат општина Охрид издаде брошура за сите оние инвеститори кои сакаат да вложат во нашиот град. Овај потег на Локалната секако е за поздравување, но во првото издание на брошурата можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови што ги збунуваат сите оние кои подетално ќе ја проучат. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски вели дека кој работи тој и греши.

Јас сум свесен дека има некои технички недостатоци но во наредното издание  ќе се потрудиме да ги отстраниме. Но важно е што се испочитувани оние основни барања на инвеститорите, вели раководителот на ТЛЕР.палас

Во брошурата како можност за  инвестирање меѓу другото е понуден и хотелот Палас. Тука веднаш се наметнува прашањето зошто е тоа направено бидејќи се знае дека овој хотел поради нерешени имотно правни односи години наназад е запуштен иако се наоѓа на атрактивна локација.  Згора на тоа тој од пред неколку години е прогласен за споменик на културата и е ставен под заштита на Завод и музеј.

Јас сметам дека доколку се најде инвеститор кој сериозно е заинмтересиран за влегување во процес на купување тоа ќе е иницијална каписла и за иницијалните и за локалните институции, а и за приватните сопственици да се најде заеднички јазик како полесно би се решил овој проблем, изјави Апостолов.

Инаку брошурата ваква каква што е веќе се дистрибуира до заинтересираните инвеститори. Таа ќе им се дели и на сите странски делегации, бизнисмени кои доаѓаат во Локалната, Ќе се дели и преку агенцијата за странски инвестиции која ќе ја дистрибуира до економските промотори, а доставена е и до кабинетите на одредени министерства. Обновување на брошурата планира да се направи во текот на идниот месец по објавувањето на јавниот повик за сите оние кои се заинтересирани да го понудат својот имот на потенцијалните инвеститори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top