Бродска линија Охрид-Поградец

Од 15 јули конечно ќе стартува бродската линија Охрид – Поградец.

 |  Татјана Маленкова  | 
Pogradec
Pogradec

Бомбастинна најава или уште едно ветување, останува да видиме. Капетанот Настоски, вели „Прифаќаме бродска линија само во случај на реципроцитет“. Бродарите пак, бараат слободен превоз.
Информациите на ТВ М говорат дека старата идеја за реализација на оваа линија е на повидок. Туристите и Македонците од 15 јули ќе можат со брод да одат во Албанија и обратно.

PogradecТВМ дознава дека во сабота во Скопје ќе се сретна работни групи на министретсвата за транспорт и врски од Маедонија и Албанија. На овој состанок треба да се прецизираат деталите како и проблемот со превисоката пристанишна такса која се плаќа во Албанија, вели капетанот на охридската капетанија.

Потсетуваме дека министрите за трансппорт и врски  од Македонија и Албанија уште во 2007 година дадоа ветување дека бротската линија ќе стартува во месец септември. Ова беше договорено на билатералниот состанок кој се одржа пред две години, на кој покрај конечно стартување на бродката линија Охрид – поградец уште беше договорено и укинување на визите за македонските државјани. Тогаш министрите Јанакиевски и Олдаши истакнаа дека за старт на бродска линија треба да се средат уште техничките детали кои ги договараат претставници на релевантните институции од министерствата за транспорт и врски, царинската управа и министерството за внатрешни работи, од двете земји.
Напори за отворање на бродска линија се прават над три години, но останува отворено прашањето, дали ние сме подговени со пловни објекти и со персонал, за ваква релација. И она што е најважно колку оваа линија би била економски оправдана.
Останува да видиме дали годинава навистина ќе се се обнови бродската линија и колку таа ќе се користи. Радува фактот што доклоку овој прокт се реализира во терминот како што е најавено, тогаш ќар ќе имаат и туристичките работници од двете земји.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top