Бродовите „Илинден“ и „Лихнида“ извадени од каналот Студенчишта

Акцијата ја изведе Капетанија на пристаништата на Македонија и е дел од акцијата со која сите руинирани пловни објекти кои се во каналот треба да се извадат од таму.

 |   | 

Акцијата ја изведе Капетанија на пристаништата на Македонија и е дел од акцијата со која сите руинирани пловни објекти кои се во каналот треба да се извадат од таму.

Бродот Илинден поради својата габаритност моментално се наоѓа во близина на дирекцијата на ЈП Охридски Комуналец, а бродот Лихнида во кругот на ЈП Охридски Комуналец. Капетанот Горан Устијаноски за ТВМ кажа дека наскоро ќе бидат извадени уште 2 пловни објекти од каналот. Трошоците за вадење на бродот Лихнида паднаа на товар на државата бидејќи не е утврдена неговата сопственост, а трошоците за вадење на другите пловни објекти се на товар на сопствениците.

-После долг век служба, на заслужен одмор… Бродот не е само метал. Тој има душа, тој е жив. Секој брод има своја историја која е врежана во животот на тие околу него. За брод се врзува емотивно! Противречат само оние кои не знаат за што пишувам, емотивно напиша на својот фејсбук профил капетанот на капетанија на пристаништата Горан Устијаноски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top