За бродарите не преставува проблем што Министерството за транспорт и врски се уште нема назначено нов капетан . Максимално ги почитуваат законските одредби, а безбедноста на бродовите е на највисоко ниво
Охридската бела флота подготвена за крстарење по езерото. Трите бродови Кристина, Александрија и Галеб ги имаат сите потребни документи за пловење по езерските води. СЕ очекува деновиве лиценца да добие и новиот брод Александрија 2 кој има капацитет за 150 патници. Драган Наумовски, заповедмик на бродот Александрија вели дека најбарана релација е Охрид Св наум . Од почетокот на овој месец има редовна линија за овој наш познат локалитет. Билетот по се изгледа ќе чини исто како и ланското лето, а тоа е 10 евра по патник. Поаѓањето е во 10 часот а враќањето во 17 или 18 часот.Наумовски додава дека најзаинтересирани за пловење со брод се странските гости, но не е мал и бројот на домашните кои сакаат да го видат езерото и неговата околина од еден друг агол. Бродарите се оптимисти и очекуват успешна туристичка сезона. За нив не преставува проблем што Министерството за транспорт и врски се уште нема назначено нов капетан на Капетанијата на пристаништата во Охрид, откако пред повеќе од еден месец со „Новиот бран“ од функцијата беше разрешен капетанот Љупчо Настоски. Тие велат дека максимално ги почитуваат законските одредби, а безбедноста на бродовите е на највисоко ниво.
Инаку, според официјалните информации, дозвола за пловидба на Охридското Езеро покрај трите бродови имаат и 436 чамци, кои и оваа година нема да пловат кон соседна Албанија, бидејќи и по 10 години од отпочнувањето се уште не е реализрана иницијативата за воспоставување меѓународна бродска линија Охрид – Поградец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град