Бродарите бараат проширување на бродските линии низ езерото

Во Охрид нема организиран воден сообраќај. Во моментов бродовите пловат низ езерото слободно без ред на возење.

 |  Валентина Неловска  | 
Brod
Брод

БrodoviВо Охрид нема организиран воден сообраќај. Во моментов бродовите пловат низ езерото слободно без ред на возење. Бродарите бараат проширување на пловидбата низ Oхридското езеро бидејќи како што тврдат иако езерскиот брег е во должина од 90 км во моментот тие сообраќаат само кон Св. Наум. За да се посетат  и останатите интересни дестинации на брегот  би требало да се одреди бродска линија.
Охридската капетанија како и многу пати досега се огради од проблемите во водниот сообраќај. Негираат   дека тие се надлежни на организирањето на истиот. Овде се наметнува прашањето како го контролираат и регулираат езерскиот сообраќај ако не можат да го организираат. По се изгледа најлесно им е да се оградат од надлежностите а не да ги  решаваат реалните проблеми.
Од Kапетанија топката ја префрлаат на локално ниво. Велат дека општината треба да го утврди возниот ред по кој ќе се одвива водниот сообраќај по езерото.  
Од друга страна пак,  од Локалната самоуправа категорично го отфрлаат тврдењето на Капетанија дека тие се надлежни за регулирањето на сегашниот   слободен превоз на бродовите. Локалната не може да уредува возни линии со нешто што не управува. Ние немаме увид во регистерот кои пловила се исправни, а   кои се регистрирани  па да издавме дозволи за одредени линии вели портпаролот на локална, Никола Манески.
Бродарите, пак, покрај проширување на бродски линии бараат и изградба на пристаништа. И по ова прашање  Капетанија се оградува од надлежноста посочувајќи со прстот кон локалната самоуправа. Од таму пак  повторно со став дека не може да градат нешто со што не стопанисуваат. Сепак тврдат  дека се подготвени на соработка со Капетанија и со Министерството за транспорт и врски за надминување е и на овој проблем.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top