Четири години од бродската несреќа

Делегација од локалната и од бугарскиот конзулат во Битола денес им оддадоа почит на жртвите од бродската несреќа која се случи пред четири години. Преставникот на бугарскиот конзулат рече дека во најскоро врема очекува општината да подигне подостоинствен паметник кој ќе потсетува на овој трагичен настан.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ilinden
илинден

Охрид денес се потсети и им оддаде почит на жртвите од бродската несреќа која се случи пред четири години. Со потонувањето на бродот Илинден животите ги изгубија петнаесет бугарски туристи во чија чест општината подигна паметник на кејот на езерото. Делегација од локалната и од бугарскиот конзулат во Битола положија свежо цвеќе.илинден

Оваа несреќа беше причина повеќе Министерството за транспорт и врски и локалната да поводат уште поголема сметка за безбедноста во водениот сообраќај, рече Гордана Коњаноска, претседателот на на Совет.

Данчо Мичев, преставникот на бугарскиот конзулат рече дека благодарни се што Охрид и локалната не го забораваат овој трагичен настан и секоја година одаваат почит на жртвите од бродската несреќа.

Мичев изрази надеж дека локалната во скоро време на некое соодветно место ќе издигне некој подостоинствен споменик кој ќе потсетува на трагедијата која се случи. Тој додаде дека финансиски неговата изградба ќе биде подпомогната и од бугарската влада. Мичев потенцираше дека ваквите трагични настани ги зближуваат народите, но изрази надеж дека исто така овој настан нема да остави црна дамка врз Охрид и развојот на туризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top