Бродот амбуланта кој требаше да биде ставен во употреба за празников, сеуште вон функција.
Бродот амбуланта кој требаше да биде ставен во употреба за празников, сеуште вон функција. Пловилото за чија санација беа потребни поголеми поправки и оваа летна сезона не можеше да се стави во употреба. Средства за техничко и логистичко опремување на бродот, обезбеди Локалната самоуправа од Охрид. Отаму велат дека ова амбулантно возило треба да биде спуштено во водите на Охридското езеро до крај на месец септември.
Охриѓани ќе почекаат уште малку за бродот амбуланта. Пуштањето во употреба на амбулантното пловно возило кое би требало да патролира во водите на езерото не само во летниот период туку за време на целата година е дополнително одложено.
Иако беше најавено неговото пуштање за денешниот празник, сепак според зборовите на градоначалникот Александар Петрески тоа е одложено за до крајот на овој месец. Причини дополнителни санациони зафати на пловилото.
Инаку станува збор за идеја, на која од О.О на Црвениот Крст од Охрид, работат речиси 4 години. Потребата од амбулантно пловно возило претставува еден од основните критериуми за подигање на степенот на безбедност на вода.Станува збор за амбулантно пловно возило кое треба да патролира во водите на езерото не само во летниот период туку за време на целата година. Средства за техничко и логистичко опремување на бродот, се обезбедени од Локалната самоуправа. Градоначалникот Петрески, кажа дека од издвоените 10.000 евра за санација на пловилото, досега префрлени се 3.000. Што се иднесува до изборот токму на ова пловило, Петрески потенцира дека тој е направен поради итноста од задоволување на потребата за изнаоѓање пловен објект кој ќе може да функционира и како брод амбуланта и брод за спасување, запазувајќи ги сите меѓунардони стандарди. Претседателот на О.О на црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко информира дека бродот без надоместок е отстапен од страна на еден сопственик, на период од две години. Инаку ТВМ дознава дека станува збор за г-дин Горан Пржин. Останува прашањето, што ќе се случи со ова интервентно возило после истекувањето на двегодишниот договор како и со средствата вложени во неговата санација, зошто една летна сезона веќе е изгубена на санација на истото. Дали првичниот сопственик ќе си добие веќе среден пловен објект на готово или пак и понатаму ќе биде хуман и ќе го продолжи договорот со „Црвен крст“ или можеби ќе се смилува и во целост истото ќе го отстапи на користење на службите на Црвениот крст, засекогаш.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град