• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бришењето на фирми од Централниот регистар, најпоставувано прашање на отворениот ден за охриѓани

Бришењето на фирми од Централниот регистар, најпоставувано прашање на отворениот ден за охриѓани

Оваа втора ваква акција има за цел да им овозможи на физичките и правни лица да се информираат околу прашањата поврзани со регистрацијата или бришење на фирми од регистарот, како и многу прашања околу поднесувањето на годишните сметки за 2013 година.

 |  Мишел Наумоски  | 
registar
регистар

Отворени денови на Централниот регистар и во охридската канцеларија. Денес стручниот тим од оваа институција одговараше на прашањата на заинтересираните граѓани кои ја посетија канцеларијата. Еве што најмногу ги интересира физичките и правни лица од Охрид.

e-potvrdi„Голем број на граѓани ја искористија можноста, ја посетија канцеларијата. Денес сме во Охрид од 9 до 12 часот. Најголем број од прашањата кои што беа поставени на стручниот тим од централата беа во врска со бришењето на трговски друштва, а во тек е и акцијата за бришење на трговски друштва. Имаше прашања поставени и околу онлајн поднесувањето на годишни сметки за 2013та година. Паралелно со отворениот ден во Охрид, денес во хотел Милениум се организира и бесплатна регистрација и обука за онлајн регистрација за поднесување на годишни сметки за 2013та година.“-рече Жаклина Танушевска од стручниот тим на Централниот регистар на Република Македонија.

Граѓаните и правните лица често реагираат околу времетраењето на постапката за бришење на фирмите од централниот регистар. Танушевска со одговор.

centralen registar„Не би кажала дека е баш така. Сега има воведено и една нова категорија, регистрационен агент, еден чекор-нула денари. Преку самата оваа категорија на овластени регистрациони агенти, ќе може граѓанинот да основа друштво или фирма за нула денари. Во тек е како што споменав и акцијата за бришење на трговски друштва, така да сите оние трговски друштва кои ги исполнуваат дадените критериуми како на пример критериумот кој се однесува на три години неподнесување на годишна сметка, Централниот регистар има дадено предлог листа до Управата за јавни приходи за бришење на тие фирми. Кога ќе ја добиеме повратната информација од УЈП, голем дел од тие трговски друштва ќе бидат избришани.“-вели Танушевска.

Покрај денешната акција отворен ден за граѓаните, Централниот регистар воедно го промовира и новиот електронски систем за е-потврди кој според нив треба да го олесни пристапот на граѓаните до услугите кои ги нуди регистарот. Инаку, покрај нашиот град, вакви отворени денови со граѓаните ќе бидат одржани во најголемиот дел од регионалните канцеларии на Централниот регистар, а акцијата ќе трае до крајот на овој месец.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top