Фирмата Електроелемент свечено го отвори својот продажен простор кај фабриката Братство. На 1000 метри квадратни можете да најдете се што е потребно за опремување или освежување на вашиот дом и градина по најдостапни цени. Широкиот асортиман на производи брои преку 60.000, меѓу кои можете да одлучувате помеѓу едни од најквалитетните светски брендови во своите индустриски гранки.
Електрика , железарија, бои и лакови, алати, опрема за заштита при работа, водовод, санитарија, плочки, бела техника и се друго потребно за домот по најдостапни цени од денеска можете да го најдете во новиот маркет на Електрометал во Охрид, лоциран кај фабриката Братство. Со проширување на продажната мрежа и во Охрид го зацврстуваме Електрометал како водечки DIY бренд во нашата земја“ кажа директорот на малопродажба Иван Калинов на свеченото отворање.
„Ширењето на малопродажната мрежа е стратешка определба на Електроелемент, а со отворањето на овој маркет во Охрид, продолжуваме по претходно зацртаната патека чија главна цел е отворање маркети во сите градови низ Македонија. За градот Охрид се одлучивме пред да почне кризата. Претходно направивме двегодишна нализа за да утврдиме дали Електрометал недостасува во градот и што ќе понуди. После таа анализа одлучивме дека треба да го отвориме нашиот нов салон и да ја прошириме мрежата токму тука во Охрид. “ – Иван Калинов, директор на малопродажба.
Новиот маркет се протега на површина од преку 1.000 метри квадратни и располага со преку 60.000 производи од најквалитетните светски и домашни брендови. Располагаме со најголем избор на производи на пазарот и веруваме дека жителите на Охрид заслужуваат ваков вид на маркет каде ќе можат да пазарат производи од најдобрите брендови по најдобри цени во регионот, порача Калинов.
„Нашиот слоган е „Центар за Вашиот дом“ и во целост кореспондира со нашиот асортиман бидејќи ние имаме околу 60 000 производи кои ќе бидат достапни за охриѓани и туристите и оние кои имаат во Охрид викендички , станови. “ – вели Калинов.
Денешното свечено отворање на Електрометал во Охрид беше проследено со многу изненадувања за сите посетители како бесплатни Hobby Card лојални картички, 15% попуст на целиот асортиман и дополнителни акциски цени за одредени производи со намалување и до 40%, како и пијалоци и кафе. Се разбира сето тоа со почитување на мерките за заштита од Ковид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град