На Државниот натпревар децата кои ја посетуваат Бреинобреин програмата покажаа одличен успех. Зад овој резултат стои стручниот тим кој посветено работи како и родителите кои ја подржуваат оваа програма.
Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма.
Овој тим на интернационални тренери и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и добија голем број трофеи со што нашиот центар е рангиран како еден од најдобрите франшизни центри во Македонија, вели претседателот на ЦК Сашо Точков.
48-те ученици од Охрид кои се натпреваруваа имаа силна конкуренција во Скопје. На државниот натпревар учествуваа 540 ученици од Македонија, но и од Косово.
Во таа силна конкуренција успеавме да освоиме 21 трофеј во 9 категории од кои 18 златни медали и 9 сребрени медали. Не остана ниту едно дете без освоена награда во неговата категорија, вели тренерот Валентина Кузманоска.
Натпреварот бил поделен во два дела. Едниот дел бил со натпреварувачки карактер а во другиот имало 15 минутна програма. Свој настап имал и охридскиот театар со преставата Свињарот.
Овие награди се и на родителите и им се зблагодарувме за подршката што ни ја даваат во изминатите шест години. Инаку нашиот центар е прв франшизен центар во Македонија. Има уште четиринаесет а во тек е отварањето на петнаесетиот, вели координаторот на програмата, Царева Рувинова.
Освен во Македонија Бреинобреин центри има и во Косово, Хрватска и Словенија. Бреинобреин е интернационална едукативна програма преку која децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Овој успех е успех за децата, но и за нас предавачите, а исто и за родителите. Со оваа програма ги учиме децата како да ја канализираат својата интелегенција и правилно да ја користат, вели тренерот Билјана Миленковска-тренер.
Инаку, десетина деца кои добија трофеи на овој државен натпревар на 7ми март ќе учествуваат на фестивалот кој ќе се одржи во Загреб.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град