„Бреинобреин на велосипед – рекреација и здравје“

Во рамки на светската кампања за зачувување на животната средина, а со цел поттикнување на здрави животни навики,  Бреинобреин Македонија и сите центри кои ја имплементираат Бреинобреин програмата во Република Северна Македонија во сабота, 28.09.2019 г. ќе организираат заедничка дружба со возење велосипед под мотото „Бреинобреин на велосипед – рекреација и здравје“.

 |   | 

Учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во центарот БОБ-Црвен крст Охрид заедно со своите родители, во сабота, 28 септември, ќе се дружат возејќи велосипеди по велосипедската патека на потегот од „Езерската полиција“ до „Амброзија“. Стартот е предвиден во 12 ч. кај „Езерска полиција“.

Ги покануваме нашите сограѓани да се приклучат на оваа активност, бидејќи предностите на возењето велосипед се повеќе од релаксација. Возењето велосипед претставува забава која поттикнува социјални интеракции и го подобрува расположението.
Ве очекуваме заедно да возиме велосипед, уживаме и бидеме активни на овој рекреативниот настан.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top