Кино проекциите се закажани за наредната среда (24.11.2021) и четврток (25.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Кино проекциите се закажани за наредната среда (24.11.2021) и четврток (25.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Џакомо отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се родил, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Аријана, тој го крие постоењето на Џио од неа и неговите нови пријатели. Но, како можеш да очекуваш некој да те сака ако сокриеш толку важен дел од себе? За кратко време, вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни. Оригиналниот изглед на Џио навистина го менува светот, исто како суперхерој
Картите по цена од 100 денари во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град