Поради неспоивост на функциите тој се повлече од советот на општина Охрид. На негово место доаѓа следниот од советничката листа на СДСМ, Климе Тренески.
Бранислaв Трпчевски се повлекува од Советот на Општина Охрид, поради неспоивост на функциите. Деновиве градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко, ја потпишаа одлуката за именување на Трпчески за генерален директор на меѓуопштинското јавно претпријатие.
„Проблемите на Советниците и на в.д директорот на Проаква во голема мера беа сродни. Сетоа тоа од мене бараше поголема ангажираност, но сметам дека максимално се посветив на двете функции кои ги обавував истовремено. Поволност во сетоа тоа е што индиректно учествував во креирањето наа деловната политика на локланата на сметка на директните проблеми на МЈП Проаква, вели Трпчевски.
Неговото местото во Советот ќе го заземе следниот на советничката листа на СДСМ. А тоа е Климе Тренески (1961) – квалификуван автомеханичар и приватен стопанственик.
Престанокот на мандатот на Трпчески ќе биде констатиран на седмата седница на Советот што ќе се одржи на 30 септември, кога ќе биде и верификуван мандатот на новиот советник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град