Божиновски: СДСМ и Георгиески се откажаа од УНЕСКО

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција со низа прашања до локалната власт во однос на заштитата на животната средина и задржување на статусот на Охрид под УНЕСКО.

 |   | 

Заштитата на животната средина не е приоритет во работењето на Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.  Партискиот портпарол денеска на пресконференција праша дали Регистарот за нелегални градби е доставен со Владата најдоцна до 1 септември.

„Дали градоначлникот Георгиески додека брои секунди всушност чека заедно со премиерот Заев да пребројат колку фактури имаат за исплаќање откако во предизборието јавно ветија дека нема да им ги рушат дивоградбите, па ќе почне да руши селективно?“ – кажа Божиновски.

Божиновски праша до каде е пренасочување на реката Сатеска во старото корито. Од од охридскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ бараат локалната власт да ја презентира Студијата за валоризација на Студенчишкото Блато. Прашуваат до каде е и новиот Локален еколошки акционен план на општина Охрид.

„Со СДСМ и Георгиески нема современи стандарди за одлагање отпад, ниту локација за депонирање градежен шут и цврст отпад, напротив има само расфрлано ѓубре, депонии и нечист град. Наместо нови дрвореди и парк-катчиња секојдневно има уништување на природата со сечење дрва. “ – обвини Божиновски.

Божиноски заврши со констатација дека освен популистичко отстранување палми и билборди власта на СДСМ  не спровела ништо друго од препораките на УНЕСКО.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top