Денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски обвини дека нема искрени намери кај власта за справување со нелегалните градби, и по сите најави за конечно функционирање на правото.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека справувањето со дивоградбите во Охрид било само евтин театар на власта предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески. Денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски обвини дека нема искрени намери кај власта за справување со нелегалните градби, и по сите најави за конечно функционирање на правото. Од партијата уште еднаш го посочуваат како пример кровот на зграда во близина на градскиот пазар каде се крева уште еден спрат и во врска со кој упатија прашања на адреса на градоначалникот.
„Зошто Георгиески молчи и не одговара дали е дивоградба спратот изграден на кровот од зградата? Дали Георгиески прикрива дека овој скандал води до актуелна советничка во Советот на општина Охрид од владејачкото мнозинство? Георгиески да постапи по законите и да ја сруши дивоградбата. Крајно време е Герогиески да започне да ја спроведува политиката на нетолеранција кон сѐ што е нелегално.
На средбата со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски зарем не разговараа за дивоградбите и за препораките на УНЕСКО? Можеме да заклучиме дека главен проблем за дивоградбите е токму Георгиески, синоним за селективност, сервилност, за политички пазар. Георгиески оди спротивно препораките на УНЕСКО, а со тоа се повеќе го загрозува статусот на Охрид во УНЕСКО.“ – кажа на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град