Со предлог законот за Трансформацијата на Универзитетот СВ Апостол Павле СДСМ во време на компјутеризација и дигитализација предлага укинување на факултети за компјутерска наука и инжинерство спротивно на потребите на пазарот на трудот, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Апелираат да се слушнат забелешките на студентите и професорите.
Предлог законот за трансформација на УИНТ „Св. Апостол Павле“ кој го помина првото читање во Собрание и сега ќе оди на јавна расправа тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека со новото законско решение власта на СДСМ создава правна несигурност и страв за сопствената иднина кај вработените и студентите кои не прифаќаат трансформација на Универзитетот.
„Дали вицепремиерката Мила Царовска знае што се случува во реалноста и за што се залага пратеничката Жаклина Лазаревска или беше на партиска агенда кога го посети Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“? Како МОН и Царовска креираат концепт за дуално образование приспособен на локални услови кога се укинуваат факултети од техничките струки и професии?“- кажа Перчо Божиновски портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ
Во време на компјутеризација и дигитализација СДСМ предлага укинување на постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство. СДСМ и Заев предлагаат Закон за Универзитетот со цел продуцирање кадри за заштита на културно наследство, а од друга страна ништо не преземаат за решавање на проблемот со дивоградбите и заштита на статусот на Охрид во УНЕСКО, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ апелира да се слушнат забелешките на студентите и професорите, а ставот ќе го изгради по одржување на јавната расправа.“
Божиновски додаде дека сите заложби треба да бидат за насочување на младите повеќе кон техничките науки доколку сакаме вистински реформи во образованието и ги следиме потребите на пазарот на трудот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град