ЛДП го промовира својот кандидат за градоначалник на општина Охрид.
Според претседателот на оваа партија, Јован Манасиески, павлоски е докажан менаџер кој најдобро го познава пулсот на градот.
Првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски е кандидатот за градоначалник со кој на претстојните локални избори самостојно ќе настапи Либерално- демократската партија.
Како што истакна Павлоски, кандидатурата за него претставува чест и голема обврска, со оглед на фактот што на овие локални избори за прв пат Либерално- демократската партија настапува самостојно.
„Ќе се обидеме да му понудиме на гласачите да не одбираат само помеѓу црното и белото. ќе водиме позитивна кампања врз основ на нашето искуство“, рече Боро павлоски.
Според претседателот на ЛДП, Јован Манасиески, Павлоски претставува кадар кој секоја партија би го посакала. Докажан менаџер кој најдобро го познава пулсот на градот.
„На локалните избори гласаме за човек, а не за партија. Очекуваме дека за нашиот кандидат ќе гласаат и членови од Либералната партија, социјал- демократи и од ВМРО- ДПМНЕ“, потенцира Манасиески.
Наскоро оваа партија ќе ја промовира и својата советничка листа. Како што беше кажано на денешната прес- конференција, во тек се завршните подготовки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град