Членовите на Сојузот на борци од Охрид оваа зима ќе се смрзнуваат

Сојузот на борци , локалната го пресели во некогашните бараки на Гранит. Членовите на оваа организација се жалат дека немаат основни услови за работа.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Сојузот на борци почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито од Охрид, локалната го смести во несоодветен простор, велат неговите членови. Оваа организација веќе неколку месеци функционира во канцеларии на некогашната барака на градежното претпријатие Гранит.

„Во бараката нема добра електрична инсталација па зимава не ќе можиме да се грееме“, вели Крсте Крстаноски претседателот на оваа организација.  

„Проблемите настанаа, кажува Крстаноски, откога локалната пред повеќе од пет месеци насилно  не исели од просториите кои ги имавме во старата библиотека која беше срушена. Не ставија пред свршен чин, објаснува претседателот на охридските борци. Кога пристигнаа багерите за да го рушат објектот ние бевме внатре во зградата. Локалната и градоначалникот на Охрид не најдоа за згодно барем неколку дена пред рушењето  да не информираат за да си иселиме од овој објект“.

Крстаноски вели дека ова просторно решение е само времено бидејќи локалната има намера за скоро време да ја руши бараката на Гранит.

За потсетување,  на просторот кај бараките на „Гранит“ и „Трудбеник“ и на дел од Срц „Билјанини извори“  според Нацрт- планот за Урбана Заедница 17 предвидена е изградба на хотели и спортски објект. До реализација на ваквите најави ќе дојде доколку зелено светло дадат охридските советници. Ваквиот предлог еднаш беше ставен пред охридските избраници, но советниците од ВМРО- НП,  беа против изградба на станбени објекти.

Според нив, урбанизацијата на овој простор  ќе зафати дел од спортските терени, а ќе ја наруши и  природната рамнотежа и протокот на воздух од езерото кон централниот дел од градот. Конечна одлука по ова прашање ќе се донесе на една од наредните седници на Советот на општина Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top