Борците сеуште чекаат нов Договор за закуп со Заводот за кардиолошки заболувања

Девет месеци поминаа од истекувањето на договорот за закуп склучен пред 15 години  помеѓу заводот за кардиологија и Општинската организација на Сојузот за борци . Сеуште нема изгледи за склучување нов.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Zavod za kardioligija
Zavod za kardiologija

Девет месеци поминаа од истекувањето на договорот за закуп склучен пред 15 години  помеѓу заводот за кардиологија и Општинската организација на Сојузот за борци . Сеуште нема изгледи за склучување нов.

Изминаа девет месеци од истекувањето на Договорот за закуп помеѓу  тогашната управа на Заводот за кардиологија и Сојузот на борци на Македонија, а сеуште не е потпишан нов. Општинската организација на Сојузот на борци како сопстевник на објектот, уште во мај минатата година се обидела да го обнови  договорот, но не наишле на разбирање кај ресорното министерството, вели престедателот Крсте Крстаноски.

Zavod za kardiologijaСпоред тврдењата на  Крстаноски кон крајот на декември минатава година  од здравстените институции пристигнала понуда според која Заводот за кардиологија може и понатаму да го користи објектот ,но за тоа да му плаќа на сојузот месечна кирија од 2 500 евра. Директорот на Заводот за кардиоваскуларни заболување, д-р Никола Бакрачески уште тогаш изјави дека оваа сума е многу висока. Од С.О.Б. потоа побарале киријата да се спушти на две евра за еден метар квадратен, но од заводот понудиле само едно евро. Борците и понатаму се пазареле и побарале барем евро и половина за метар квадратен, но од заводот не ја прифатиле ниту оваа цена, па сега работата тапка во место, вели Крстаноски

Директорот на заводот д-р Бакрачески е оптимист дека нема да има дополнителни   проблеми, но  последниот збор треба да го кажат институциите оснивачи на центарот, ресорното министерство  и Фондот за здравство.  

Инаку, „Сојузот на борци“ моментално е сместен во бараките на ГП „Гранит“ па се жалат дека немаат ниту основни услови за работа.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top