Силен притисок врз Охридската Општа болница во омикрон бранот на ковид пандемијата. Болничките кревети и амбуланти се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа.
Силен притисок врз Охридската Општа болница во омикрон бранот на ковид пандемијата. Болничките кревети и амбуланти се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа.
43-ца ковид пациенти во моментов се наоѓаат на болничко лекување во охридската Општа болница. 20-мина позитивни пациенти се на инфективното одделение, а 23 на интерното одделение. Од нив 30-мина се на кислородна поддршка. Пациентите се претежно повозрасни со различни коморбидитети, а 70 проценти од нив не се вакцинирани, информира д-р Горан Балески директор на Општа болница Охрид.
Болницата е максимално оптоварена, а бројот на дневните амбулантни прегледи се движи од 160 до 170 пациенти. Другите оддели работат со нормален тек, а не се намалени оперативните програми, оперативни зафати се прават на гинекологија, хирургија и урологија. Засега модуларната болница нема да се стави во функција, додека пак наскоро се очекува да се отвори ковид центарот во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Св. Стефан.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град