Во охридската болница нема алерголог

Во охридската болница нема алерголог. Одкога  Др. Љубица Андоновска која ја водеше алерголошката амбуланта си замина во пензија, таа се затвори. Пациентите загрижени за нивното здравје прашуваат каде ќе се лекуваат. Директорорт на охридската болница, Др. Љубен Арнаудов вели дека прават напори за надмуинување на овој проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 
bolnica
болница

Алерголошката амбуланта при општата болница во Охрид веќе неколку месеци не работи. Откако алергологот Љубица Андоновска си замина во пензија оваа амбуланта која воедно беше и регионален центар бидејќи тука се лекува пациенти од околните градови, се затвори. Пациентите кои имаат проблем со алергиите загрижени. Прашуваат каде да се јават кога ќе имаат потреба од лекови и преглед. Директорот на болницата Др. Љубен Арнаудов признава дека имаат проблем со недостиг на стручен кадар, но смирува дека се прават сите напори проблемот да се реши. Моментално пациентите се лекуваат на кожното одделение и на интерно, но во тек е процесот на едукација на еден доктор кој ќе работи на оваа проблематика.љубен арнаудов

Сега појачуваме со уште еден доктор кој го пративме на едукација. Беше четири месеци во Скопје, еден месец во Словенија, а моментално е во Америка. До срединава на месецов треба да се врати. Ќе започне со работа веднаш штом ќе ја добие лиценцата за вршење на таа дејност, вели Др. Арнаудов.

Др. Славица Петровска која е актуелен началник на Одделението за белодробни и туберкулозни заболувања ќе биде алергологот кој во моментов е на доедукација. Ова одделение ќе е една единица во рамките на кожното одделение.

Сега таму има две слободни простории. Во нив ќе биде сместена алерголошката амбуланта. Ќе се работи во две смени така што пациентите ќе можат да  ја посетуваат и попладне. Едната смена ќе ја води доктор од кожното одделение, објаснува Арнаудов.bolnica

Директорот на охридската болница ветува дека за помалку од еден месец работите околу отварањето на единицата за алергологија ќе завршат и дека сите пациенти ќе бидат згрижени и соодветно третирани. Тој додава дека и понатаму продолжува праксата во алерголошката амбукланта да се лекуваат пациенти и од околните градови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top