Богата програма за Водици 2013 година

Привршуваат подготовките за Водици 2013 та.

 |  Мишел Наумоски  | 
Vodici
Водици

Се ситнат деновите до еден од најголемите православни христијански празници-Богојавление-Водици. Охрид ги прави последните подготовки околу самата организација како би им понудил на сите верници, туристи и посетители незаборавно доживување.

Димитри Пендоски, од организациониот одбор на здружението „Богојавление“ вели дека тие нивните подготовки за оваа манифестација ги прават во текот на целата година. Пендоски изрази благодарност до кумот за водици 2012та, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот придонес во оваа значајна манифестација, а со своите активности започна и овогодишениот кум, Стојан Ѓорѓоски.

Vodici kapaci„Подготовките други се при крај. Денеска со идниот кум бевме да добиеме благослов од г. Тимотеј, владиката што ќе ги осветува охридските води и денеска исто беше предадена донацијата што годинашниот кум ќе ја донира за цртање на фреските на храмот на Свети Климент на Плаошник.“-рече Димитри Пендоски од Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“.

Од „Богојавление“ годинава очекуваат околу 1200 капачи како и изминатите години, но очекуваат и голем број на гости, па токму затоа во дослух со туристичката фела, договориле и доста поволни цени на туристичките услуги за овој голем христијански празник.

ribina corba„Хотелиерите како и секоја година и оваа година понудија цена од 10 евра на ноќевање со доручек. Угостителските објекти во Охрид ќе дела тие два дена бесплатна топла ракија, ќе даваат попусти помеѓу 20 и 40 проценти. И годиниве наназад истиве услови ги нудевме и дадоа резултат и веќе имаме доста најави како од политичкиот, културниот, дипломатскиот и од целокупното живеење во Македонија, и однадвор веќе имаме најавени доста гости кои ќе присуствуваат на овој голем настан.“-вели Пендоски.

Овогодинешната манифестација ќе изобилува со музичка програма, ќе бидат послужени еден тон плашици и неколку тона вино. Како дополнителна атракција се најавува обидот за рушење на Гиисовиот рекорд за подготвување на рибина чорба.

Доколку биде прифатена апликација за рушење на овој рекорд, охриѓани ќе се обидат да подготват 3 тона и 300 килограми рибина чорба и со тоа дополнително да ја промовираат целата манифестација Водици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top