Боди билдинг на плажа „Кадмо“

На плажата „Кадмо“, Охрид продефилираа убаво градени женски и машки тела, учесници во ревијалниот аматерски натпревар во боди билдинг. Ова се случува за прв пат, а организаторите од фитнес клубот „Фит Форм“, најавија дека настанот ќе прерасне во традиција.

 |  Николоска Биљана  | 
bilderi
билдери

bilderiРевијален аматерски натпревар во машка и женска конкуренција во боди билдинг на плажа Кадмо Охрид. Организатори на оваа прва од ваков карактер манифестација се од фитнес клубот „Фит Форм“,Охрид. Фитнес инструкторот Гоце Мојсоски рече дека денешниов настан е ретка можност сите посетители на плажата да видат убаво изградено тело и сметаат дека манифеастација од ваков карактер може да ја збогати туристичката понуда.

„Сакаме да ја поттикнеме цела популација што повеќе да се занимава било каков спорт, од причина што брзата храна и готовите јадења не направија тромави и помрзливи“.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој беше почесен гостин на манифестацијата, ја поздрави организацијата на настанот и рече дека одржувањето на истата ќе има позитивно влијание врз туризмот.

lozano„Оваа несекојдневна манифестација претставува дел од нашите напори заедно со клубовите, здруженијата и Локалната самоуправа да ја збогатиме туристичката понуда во Охрид и секако ова е убава можност да се поттикнат маладите генерации па и постарите да се занимаваат со спорт, рекреација секакви рекреативни активности кои ќе овозможат здрави животни навики“.

Жанко З’Ш Голабоски водителот на манифестацијата на нему својствен начин, ги стана сите посетители на плажата и ги натера да се доближат до платото за да ги видат атрактивните манекенки и боди билдери. Настанот го збогатија познати македонски музички звезди.

„Нормално јас сум секогаш тука кога има поддршлка на спортскито живот. Ги поддржувам сите кои се занимаваат со спорт“.

И за крај како што кажа Жанко, најважна е дружбата и забавата, а целта е на скопјаните да им остави добар впечаток и со полна уста да кажат дека добро си поминале во најголемиот туристички центар, Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top