• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бочварски: Општина Охрид и градоначалникот Георгиески имаат волја да го решат проблемот со дивоградбите

Бочварски: Општина Охрид и градоначалникот Георгиески имаат волја да го решат проблемот со дивоградбите

Доизградбата на автопатот Охрид  Кичево е  во фокусот на министерството за транспорт и врски, кажа денеска новиот министер Благој Бочварски. Најави дека во неговиот мандат целосно ќе се реконструира и патниот правец Струга Ќафасан. Во поглед на соработката со општините изрази задоволство од пристапот на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески во решавањето на проблемот со дивоградбите и најави поддршка од министерството.  

 |   | 

Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на прес-конференција кажа дека фокусот е на доизградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде иако има работи на терен тие не се според посакуваната и планираната динамика.

„Продолжуваме поинтензивно со изградба на автопатот Кичево Охрид, во овој манадат целосно ќе се реконструира патниот правец Струга – Ќафасан а ќе започнеме со постапката за автопатот од Тетово до Гостивар. Истовремено вршиме проектирање за изградба на нов автопат од  Гостивар до Кичево со што целиот западен коридор 8 ќе биде една нова модерна врска.“ – кажа министерот.

Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира. Законот за бесправно изградени објекти е во собраниска процедура, имаме сет на мерки за искоренување на ваквите појави од сферата на урбанизмот и планирањето  како сериозни казнени пенали , 50% повисоки комуналии за објектот доколку се легализира според новиот закон и зајакнување на иснпекциските служби,кажа министерот. Додаде дека се она што е изградено во заштитени зони на Охридското крајбрежје и станбените згради со намена А2 нема да биде предмет на легализација со овој закон.

„Во однос на проблемот со дивоградбите во Охрид, локалната самоуправа работи на тоа. Тоа е процес кој што ќе трае но мене ми е мило што е започнат и има навистина желба и волја од локалната и градоначалникот да се решаваат овие проблеми за да не дозволоиме приматот на Охрид како град на Унеско. Токму поради ова јас имав средба со градоначалникот на Охрид и продолжуваме во насока на взаемна кореалција и поддршка за решавање на сите проблеми. “ – рече  Бочварски.

Бочварски кажа дека во соработка со општините позасилено ќе се работи на реализацијата на инвестициите во локални патишта и улици и нивна рехабилитација и санација за што ќе се вложат 70 мил евра.

„Според она што јас го имам во Општина Охрид, со вториот тендер е предвидена реконструкција на улица „Македонски Просветители“, која треба да започне на пролет. Тоа е нешто кое општината  го дала како нивни приоритет а ќе следат и нови тендери кои сериозно ќе бидат селектирани како значајни за општините и граѓаните.-

Министерот најави дека по завршувањето на Ковид кризата ќе се работи на  воведување нови дестинации и зголемување на бројот на летови од домашните аеродроми Скопје и Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top