Боб Дилан за почеток на „Охридско лето“… ама во Скопје

Американскиот музичар Боб Дилан ќе одржи концерт во Метрополис Арената во Скопје  на 4 јуни со што ќе го означи почетокот на „Охридско лето“.

 |  Маја Савиќ  | 
Bob Dilan
Боб Дилан

Bob DylanНастапот на  легендарниот Боб Дилан, организаторите,  Авалон продукција, го најавија  како означување на почетокот на фестивалот  „Охридско лето“ кој годинава ја одбележува својата 50- годишнина.

Била разгледувана и можноста концертот да се одржи во Охрид, што би било најлогично, кога веќе со него се означува почеток на фестивал кој половина век се одржува тука, но организаторите сепак одлучиле дека подобри услови имало во Метрополис арената.

Охрид, очигледно, не е дораснат за еден Боб Дилан, иако,  рака на срце ,пречекал и многу поголеми ѕвезди од него. Нејсе…  Настанот е најавен како „Златен настан“ за 2010 год. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти мај и ќе бидат со различна цена од 2 000 ден. за стоење до 4 000 ден. за ВИП ложа.

Дилан ќе го означи почетокот на „Охридско лето“ во Скопје како дел од неговата турнеја во рамки на која ќе има настапи и во Софија, Букурешт, Белград и Загреб.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top