БМВ заврши во светлечки столб

Месноста Рача црна точка на магистралниот пат Охрид-Св. Наум.

 |  Николовска Биљана  | 
nesreka
несреќа

Месноста Рача црна точка на магистралниот пат Охрид-Св. Наум.
Се почести се сообраќајните незгоди на овој патен правец. Најчесто возилата завршуваат во светлечки столбови. Утрово повторно катастрофална незгода.

nesrekaУрнат светлечки столб, превртено возило марка БМВ со скопски регистарски таблички, остатоци од крв, јакна и други предмети утрово осамнаа на патниот правец Охрид-Св Наум. Според извештајот на СВР, незгодата се случила во 4 часот и 30 минути. Патничкото моторно возило управувано од Ф.Т. роден 1986 година излетало од десната страна на патот и удрило во светлечкиот столб при што се превртило. Во возилото, покрај возачот, имало и тројца сопатници, кои се здобиле со лесни телесни повреди. Тројца од нив биле префрлени во специјалната болница „Св Еразмо“- Охрид, а само еден завршил во општата болница, кој е задржан на понатамошно лекување. Според увидот направен од стручни лица на СВР, констатирано е 0,65 промили алкохол во крвта на возачот.
На оваа магистрала во последно време се почесто се случуваат незгоди, во кои добар дел од возилата завршуваат во светлечките столбови  покрај патот.
ТВМ подетално работи на оваа тема веќе извесен период. Имено, во прашање е регуларноста на поставувањето на светлечките столбови, односно, нивното растојание од магистралниот пат. Најголемата дилема која се наметнува е  зошто до ден денес не е поставена  задолжителната заштитна ограда, браник. Пристапот до информациите поврзани со поставувањето на светлечките столбови е речиси невозможен, бидејќи одговорноста се префрла од еден на друг. Дали причина за тоа е нестручноста на изведувачот задолжен за проектирање и изведба на осветлувањето, кое во последен момент пред одржување на ФОРУМОТ на Нато во 2007 година, се постави набрзина.
Подетално за целокупната постапка за поставување на светлечките столбови на магистралниот пат Охрид – Св.Наум, ќе ве информираме во некое наредно издание на Дневникот на ТВМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top