Блокирана жиро-сметката на Ј.П. „Комуналец“

На Охрид му се заканува опасност гостите да ги дочека затрупан со отпад. Ваквиот чекор на Управата за јавни приходи се коментира како- уште една опструкција на Централната врз локалната власт.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

На Охрид му се заканува опасност гостите да ги дочека затрупан со отпад. Ваквиот чекор на Управата за јавни приходи се коментира како- уште една опструкција на Централната врз локалната власт.

Поради неплатен долг од 5 милиони денари, Управата за јавни приходи во петокот ја блокирала жиро- сметката на ЈП Комуналец. Ако во најкраток рок надлежните не изнајдат решение, постои опасност поради немарноста на раководството на јавното претпријатие Охрид за претстојните празници да биде затрупан со отпад.

Според градоначалникот Петрески,  блокирањето на жиро – сметката на Комуналец, ја оценува како уште една опструкција на Централната врз работењето на Локалната власт.

Зkontejneriа сериозните последици од блокирањето на жиро- сметката на Комуналец, на само неколку дена пред почетокот на новогодишнте празници, му било укажано и на Министерот за финансии.

Како решение на проблемот, на денес одржаната седница на советот, беше предложено да се изврши задолжување на Комуналец во Комерцијална банка за 5 мил. денари со кои би се платил долгот и би се одблокирала жиро- сметката на претпријатието.
Се чека само зелено светло од советниците.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top