Денес започна проектот за ревитализација на Студенчишкото блато. Тоа ќе биде нова туристичка понуда во градов.
Студенчишкото блато кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува од денес. Со проектот предвидено е да се постават границите на блатото и да започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото.
Планирано е во овој природен резерват да бидат изградени и набљудувачници од каде туристите, но и научниците ќе може да ги следат птиците и останатиот жив свет кој егзистира во Студенчишкото блато. За одржувањето на сето тоа ќе биде задолжена Локалната самоуправа. Сите зафати околу Студенчишкото блато треба да завршат за три години, а од германската влада за тоа се издвоени околу 180 000 евра.Ралф Певелинг, лидерот на тимот на проектот вели дека ретко која земја и град може да се пофали со едно вакво место со толку богат биодиверзитет, а кое е лоцирано во централното градско подрачје.
Поради несериозниот однос кон блатото и неговото перманентно уништување во изминатите дваесетина години кога огромни количини на градежен шут биле фрлани токму таму, изгубени се три растителни врсти и тоа водното љутиче, и белиот и жолтиот локвањ, вели Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод од Охрид. Со прогласување на блатото за споменик на природата истите можат да се ревитализираат,
Природните граници на Студенчишкото блато се протегаат дури до Горица прва, но кога ќе се поставуваат истите ќе се земе во предвид и приватната сопственост. Се она што е државно земјиште ќе биде во рамките на блатото и во тој потег не ќе може да се вршат никакви градежни зафати од типот на градење згради или други стамбени објекти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град