Бизнис на иднината

Монитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат.

 |  Валентина Нелоска  | 
akcija
акција

akcija-LokalnaМонитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат. Отпадот содржи пластика, бакар метал и фрлен на  депонија никогаш  нема да се распадне па стануваат опасни загадувачи на животната средина, вели Јасмина Момироска, виш соработник во секторт за урбанизам и заштита на животна средина.

Во светот, пак  одамна пронашле начин како да се справат со овој вид опасен отпад. На практичен начин ги споиле  бизнисот и еколошката заштита на средината, а ние остануваме мошне далеку зад ваквата пракса. Рециклирањето и управувањето со овој вид е бизнис на иднината, нагласува Момироска.

На запад ова е огромен, многу развиен бизнис и најбогатите луѓе во светот се тие кои управуваат со отпадот.

Локалната самоупрва преку секторот за урбанизам, просторно планирање и заштита на животната средина со акција за собирање на  електронски и електричен отпад ќе се вклучи  во одбележување на светскиот Ден на планетата Земја. Акцијата ќе се одвива  во текот на два дена и ќе се спроведува на три  пункта, информира Хавза Какељ Реџеп, виш соработник при сектор за урбанизам и просторно планирање. Граѓаните ќе можат да ги одлагаат непотребните апарати на полигонот за мали спортови, и на одредени места кај Грашница и кај Леарница. Фирмата со која Локалната самоупрва има склучено договор за собирање на овој отпад е овластена за рециклирање од Министерсвото за животна средина. Оваа акција ќе биде само почеток на целта која ја има  Локалната самоуправа. Нивната  намера е  да  воспостават долгорочна пракса за собирање, но и за подигање на свеста кај охриѓани кон селектирањето на електронскиот и електричниот отпад.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top