Велинград, Бугарија, е град со најубавата минерална вода. Ова прекрасно место со своите спа центри се смета за главен град на Балканот. Таму нема сезона, хотелските капацитети работат 365 дена. Најбројни биле домашните гости, а веднаш после нив туристите од Македонија, Србија, Турција, Русија.
Велинград, Бугарија е место за незаборавен спа и бањски одмор. Малку има земји во Европа кои можат да се мерат со бугарската „моќ“ на банскиот и спа туризмот. Исклучителната богата разноликост на термални минерални извори со лековита вода и блато со право ја сместува Бугарија во веле сила во областа на здравствениот туризам. Велинград не е нова дестинација за Туристичката Агенција „Елида турс“. Елида Битрак вели дека во последно време има се поголем број на клиенти кои што се заинтересирани за банскиот туризам и користење на спа центрите.
„И практиката покажува дека овој вид на туризам е релакс за душата и го продолжува животот. Точно од тие причини ние одлучивме да ја форсираме оваа дестинација бидејќи Велинград е најголем спа центар во Бугарија од една страна а од друга страна нуди идеални услови за одмор, релаксација, здравје и убавина“
Хотелот „Здравец“ е едн од најстарите туристички објекти во Велинград со три децениско опстојување, вели директорот на овој хотел, Салих Кондјов. Тој смета, дека хотелот поради неговата местоположба, во самиот центар на градот е најдобар, бидејќи на гостите кои престојуваат тука се им е во близина, кафани, ресторани, дискотеки. Кондјов вели дека кај нив нема сезона, туку имаат туристи преку цела година. Во последно време рехабилитационите центри во кои се прави физиотерапијата биле тренд па поради тоа одлучиле својот капацитет од 180 легла да го прошират за 40%.
„Во моментов имаме многу голема побарувачка и не можеме да ги задоволиме потребите на сите туристи кои имаат желба да не посетат, затоа градиме нов објект кој ќе биде наменета само за физиотерапевтски потреби и ќе биде со огромен медицински центар со цел професионален тим и ќе биде најдобар не само во Велинград туку и во околината“
Во Велинград има околу 60 хотелски капацитети. Хотелот „Здравец“ е еден од нив. Кондјов смета дека цените за престој во нивниот хотел се достапни и вели дека имаат што да им понудат на гостите. Посебно тука го спомна езерото Клептуза кое претставува една од најголемите атракции во Велинград, поради возењето со водени точаци, убаво уредените паркиви, ресторани со национална храна. Кондјов информираше дека во моментов тој локалитет градската власт го реновирала. Додаде дека раководните структури на општината се грижеле за добар живот на локалните мештани, како и за развој на бизнисот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град