Натегањата за деловните простории на ЈП Охридски Комуналец помеѓу Стефаноски и Алче, продолжуваат.
Натегањата за деловните простории на ЈП Охридски Комуналец помеѓу Стефаноски и Алче, продолжуваат.
Координаторот на ВМРО ДПМНЕ тврди дека во документацијата која ја добиле советниците стои дека дуќаните се под хипотека, а директорот на ЈП пак со документ од охридска банка се труди да докаже дека тоа не е точно.
Кој кого надмудрува. Координаторот на ВМРО ДПМНЕ Борис Стефаноски одлучи до крај да ја истера постапката и да му докаже на Алче дека несмее да ги продава деловните простории на ЈП. Стефаноски во рака го има документот во кој стои дека спорните простории се под хипотека.
„Јас има документ кој го добив како припрема за седницата во кој јасно пишува дека деловните простории се под хипотека“, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ , Борис Стефаноски.
Спротивно на ова в.д директорот на ЈП Охридски комунлаец Сашо Алче до редакција приложи документ во кој стои спротивното. Во докумнтот кој го приложи во нашата редакција стои цитирам:
„Врз основа на вашето барање за ослободување од хипотека од 02.11 2009 год. извршивме увид на лице место со стручно лице на Охридска банка АД Охрид како и со ваш претставник, кој ни посочи конкретно за кои објекти во Градскиот Пазар во Охрид барате ослободување од воспоставената хипотека. Од извршениот увид и констатираната состојба на лице место на надлежнота која што е ставена под хипотека, ве известуваме дека посочените објекти од ваша страна не се ставени под хипотека во Охридска банка.
Стефаноски оправданоста кон својот став ја гледа кон она што треба да се случи наредниов период. Долгонајавуваната поделба на ЈП.
Стефаноски и Алче последниов период се најактуелни во јавноста. Кој ќе ја исправи Крива Дрина останува да видиме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град