Битиќи : Владата ќе продолжи и понатаму да ги поддржува успешните домашни компании

Ова го порача денеска од Охрид вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој оствари средби со менаџерите на неколку компании од градот.

 |   | 

Вице премиерот за економски прашана Фатмир Битиќи денеска беше во посета на неколку компании во Охрид кои имаат потпашано со државата договори за државна помош. Државата ќе продолжи со поддршката на компаниите што планираат да го прошируваат производство, да се модернизираат и дигитализираат, да го прошируваат асортиманот и да освојуваат нови пазари, истакна Битиќи по посетата на компанијата АСП-ПАК, која минатата година со Владата потпиша договор за 5 годишен инвестициски циклус во вредност од над 5 мил евра.
„ Токму вакви компании ни создаваат добро платени работни места, компании кои се конкурентни на меѓународните пазари, кои создаваат производи со повисока додадена вредност и се двигатели на нашата економија и тие се оние кои ги задржуваат младите да останат да работат во нашата земја. „- истакна Битиќи.

АСП ПАК постои 25 години, има 300 вработени и е една од двата најголеми произведители на мрежни решенија за пакувања во Европа.

„ Сакам да истакнам дека Законот за поддршка на домашните фирми кој го донесе оваа влада е исклучителен со кој се изедначија странските и домашните фирми по статусот и можностите.
Благодарение на договорот со Владата за поддршка ние сме во фаза на реализација на проект за дигитализација на целокупното производство кој ќе заврши за две години. “ – изјави Петар Спасески – сопственик АСП ПАК -Охрид.

Со дигитализацијата фирмата очекува да оствари поголема ефикасност , помалку шкарт, повисок квалитет,олеснување на работаа и повисоки плати за вработените. А следен проект е изградба на сопствена хала и проширување на извозот покрај во Европа и Блискиот Исток од следната година и за САД и Канада.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top