Во таа насока позитивниот одговор од номинацијата за прогласување на регионот Охрид – Преспа како Прекуграничен биосферен резерват, а заштитен од УНЕСКО, во голема мерка ќе придонесе за развојот на турзмот, преку создавање на еден нов и насекаде во светот баран туристички производ.
Под капата на УНЕСКО, Охридско-Преспанскиот регион како биосферен резерват, би можел да стане примамлив туристички производ на светскиот туристички пазар. Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват на Охрид и Преспа под УНЕСКО, неодамна ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро, кој беше дел од тимот, истакна дека ова е голема шанса да зајакнат сите локални економии во регионот, а од тоа најголема корист ќе имаат граѓаните и тоа најмногу заради имотот кој го поседуваат во рамките на биосферниот резерват.
„Целокупниот тој комплекс на активности треба да обезбеди и еколошка заштита и економски просперитет на регионот најмногу преку развивање на елементи на нова туристичка понуда која мораме да ја смислиме и како нова мораме да ја понудие за овој регион. Туристичката понуда ќе се збогати, со оглед на тоа што е биосферен резерват од прекуграничен карактер, што значи економскиот бенефит од посетата на туристи посебно странски, ќе биде уште поатрактивен и уште поголем“ објаснува Паноски.
Развојот на туризмот не е единствениот бенефит кој ќе го имаме со прогласување на целокупниот овој регион за биосферен резерват. И производите кои ќе ги произведува локалната економија во Охрид и Преспа, посебно земјоделските, ќе добијат повисока цена. Ќе се отвори можност за дополнителна заштита на веќе заштитените подрачја, како националните паркови и езерата, ќе се отворат можности за заеднички настап пред странските финансиски институции заради добивање средства за реализација на проекти и за добивање на финансиска поддршка од меѓународен карактер за заштита на регионот. Но во никој случај не смее да се занемари и одговорноста со која ќе се соочиме, објаснува Паноски.
„Секако дека со прогласување на целокупниот овој регион за биосферен резерват, нормално дека расте и одговорноста за негово зачувување, и затоа постои и мапирање на самиот регион. Нити ние како луѓе кои работат во еколошката дипломатија, сакаме нешто да забраниме нити поентата на екологијата и на УНЕСКО е да забрани. Туку се тоа да се стави во една нормална рамка која нема да го наруши просторот“ потенцира Паноски.
Активноста за прогласување на прекуграничен Биосферен резерват Охрид-Преспа започна минатата година со потпишување на заедничка декларација на градоначалниците на општините кои се наоѓаат во рамките на предвидениот Биосферен резерват и со потпишувањето на заедничка декларација од страна на Министрите за животна средина на Македонија и Албанија. Имплементатори на оваа активност се претставници на КФВ од Германија, претставници на УНЕСКО, како и Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро.
Инаку првичното изјаснување по номинацијата, Комисијата при УНЕСКО ќе го има во Ноември, а конечната одлука следнава пролет. Актот е испратен со писма за поддршка од Министерите за животна средина на Република Македонија и Република Албанија и од Националните Комисии на УНЕСКО на двете земји.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град