Последните анализи од контролата на водата за пиење од Билјанини извори, во месеците јануари и февруари, покажале повторно загадување.
Последните анализи од контролата на водата за пиење од Билјанини извори, во месеците јануари и февруари, покажале повторно загадување.
Последните анализи од контролата на водата за пиење од Билјанини извори, во месеците јануари и февруари, покажале повторно загадување информира директорот на Центарот за јавно здравство, д-р Атанско Михаилов. Анализите покажуваат дека водата не е исправна за пиење. Во одредени периоди се појавува загадување со присуство на бактериите ешерихија коли и ентерококи кои се забранети да ги има во водата за пиење. Општината мора да реагира и да постави табла со забрана за пиење вода за да ги заштити граѓаните и посетителите на Билјанини извори нагласува д-р Михаилов. Атрактивните, Билјанини извори мора трајно да се заштитат како природна реткост. Овој проблем ќе се јавува се додека не се урбанизира населбата на потегот Рача-Велестово и не се изгради фекална канализација потенцира Михаилов и додава дека тоа е во надлежност на локалната самоуправа и градоначалникот.Објаснува дек водите од септичките јами по обилните врнежи од дожд и снег понираат и доаѓа до мешање на фекалните води со водите од Билјанините извори. Анализите од контролата на водата се доставени до службите во локалната самоуправа. Од таму највуваат акција веќе од идниот понеделник. Четири члена комисија составена од преставници од повеќе институции ќе излезе на терен и ќе има за цел да ги утврди вистинските згадувачи. Раководителот на општинскиот комунален инспекторат Танас Танасоски најави санкции за објектите со септички јами.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град