Иван Цветкоски проговори за долговите кои ги наследи од претходниот директор.
Вкупната сума која ја должи ЈП Билјанини Извори по извршената ревизија покажа дека е во висина на еден годишен буџет кој го има ЈП. Директорот Иван Цветкоски денеска јавно проговори за моментална ситуација во ЈП Билјанини извори, поточно за она што го наследи од претходниот директор. Показателите кои Цветкоски ги соопшти денеска се поразителни во делот на работењето на ЈП Билјанини извори, посебно во делот на петте ставки кои најмногу ги засегаат за претпријатието нормално да функционира. Вкупната сума која ја должи ЈП е 14 192 859,00 денари или за данок 790.000,00 денари, за 4 неисплатени плати 4. 820.000,00 денари, за неисплатени трошоци за управен и надзорен одбор 1. 400.000,00 денари, за струја 6. 423.878,00 денари и за останати доверители 758.981,00 денари.
„Финансискиот показател е навистина поразителен, но ние сме свесни дека е во таква ситуација и секако во иднина ќе покажеме и докажеме дека ова ЈП мора и ќе е симбол пред се на спортот“, истакна Цветкоски.
„Мора да напоменем дека ние покрај овие финансиски показатели наследивме според мене превработеност. Во моментов имаме 43 вработени со регулиран работен однос на неопределено, претходно имавме уште 9 или 10 ако не се лажам на определено но заклучно со 02 мај им истекоа договорите и тие се моментално дома. Во делот на вработените моменталниот терет кој го има ЈП по основ на плати и придонеси е милион и сто и педесет илјади денари, а ние во овој момент месечно имаме финансиски приход од 500 до 600 илјади денари. Сите овие показатели фрапантно делуваат“, вели в.д директор на ЈП Билјанини Извори, Иван Цветкоски.
Сепак, директорот Цветкоски оптимистички гледа на работите и тврди дека ќе се санираат овие последици, со што во иднина ќе зборуваат за позитивни работи. Тој признава дека од минатиот понеделник, од кога беше и назначен за директор секојдневно се во контакт со градоначалникот и локалната, со цел да се изнајдат трајни решенија како првично ќе се стабилизира ЈП и како ќе се обзбеди дополнителен приход кој во иднина нема да дозволи да се најдат во ситуација како оваа во моментов.
„За многу скоро ќе изготвиме акциски план со конкретни активности и дејности кои што во иднина ќе треба да ги надополниме во делот на работењето на ЈП со цел да направиме рамка која ќе ни овозможи рентабилно работење на ЈП Билјанини извори“, вели Цветкоски.
Тој кажа дека комплетно ги поддржува барањата на синдикатот, но додаде дека проблемите со кои се соочуваат не можат да се решат ни за ден ни за месеци, а најмалку за 100 сати, време колку што му беше дадено да да се исплатат две плати.
Инаку, во јуни има три значајни настани за кои треба да се обезбедат средства во ЈП а тоа се од 14ти до 16ти семинар организиран од Кошаркарската Федерација на Македонија, на кој неофицијано ќе присуствува и Жељко Обрадовиќ. На 23 , 29 и 30 ќе има два настани во делот на фудбалот.
Цветкоски додаде дека огромна негова желба е во иднина сите овие настани да бидат во организација на ЈП, затоа што од кога е формирано ЈП многу малку биле организатори на вакви настани.
Цветкоски додаде дека менаџерскиот тим на ЈП ќе направи посериозен исчекор за да се поврати нарушениот имиџ на претпријатието со федерациите.
Конкретни резулати Цветкоски најави за една година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град