Главна тема беа активностите што се преземаат за заштита на езерото, од страна на двете земји. Како што дознаваме министрите за животна средина и просторно планирање од Македонија, Јакупи и од Албанија, Џували покажале силна политичка волја да се заштити овој природен ресурс.
На средбата се постигнати неколку конкретни договори. Еден од нив е преземање на заеднички проект за заштита на трската како еден важен филтер за квалитетот на водата, но и неколку дополнителни.
Да се ревидира извештајот од 2002 година за состојбата на Охридското езеро, и да се забрза изградбата на колекторскиот систем од албанска страна, за што било ветено дека ќе биде завршен до март 2009 година.
„Договорено е да се ревидираат и договорите и спогодбите кои ги наметнуваат еколошките и економските услови кои почнаа да пречат во заштитата на езерото“, вели државниот секретар од министерствот за животна средина и просторно планирање Дејан Паноски.
На билатералната средба покрај двајцата ресорни министри Јакупи и Џували , учествувале и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, првите луѓе од Поградец и Бучима,но не и Охридскиот градоначалник Петрески, кој како што дознаваме не отпатувал од оправдани причини.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град